Овие 8 знаци покажуваат дека лубеницата е совршена

Ако сакате да изберете совршено слатка и вкусна лубеница, обрнете внимание на овие осум карактеристики

0
441

Секоја сезона се потсетуваме за тоа како да одбереме совршена лубеница, но овојпат ги најдовме за вас најдобрите и најпрецизни насоки досега.

Еве кои осум знаци покажуваат дека лубеницата е совршена. Ние веќе ги испробавме и уживаме во една таква совршено слатка и зрела лубеница.

1. Лубеницата е голема, но не премногу тешка.

2. Кога ја стискате, слушате пуцкање.

3. Кога ја потчукнувате, звучи шупливо.

4. Нема пресеци или пукнатини на површината.

5. Парченцето стебло што излегува од неа е суво.

6. Од едната страна има земјено жолтеникава боја.

7. Кората е сјајна.

8. Јасно се видливи потемни и посветли линии.

Фото: Pixabey