Овие работи не одат заедно: млеко и некои антибиотици, зелка и антикоагуланси, …

Грејпфрутот е на прво место, не затоа што често се користи, туку затоа што може негативно да влијае на дејството на повеќе од 50 лекови

0
758

Веројатно веќе знаете дека одредени видови на лекови не се добри за комбинирање, но дали знаевте дека има храна што не треба да се комбинира со некои лекови? Разговарајте со вашиот лекар или фармацевт пред да започнете каква било нова терапија за да ви објасни која храна треба да се избегнува при земање на одредени лекови.

Грејпфрут

Овој цитрус го менува начинот на кој одредени клетки во цревата ги прифаќаат и ги пренесуваат лековите низ организмот. Тој е на прво место, не затоа што често се користи, туку затоа што може негативно да влијае на дејството на повеќе од 50 лекови.

На некои им го ослабнува дејството, на некои им го засилува. Меѓу останатите лекови тука се фексофенадинот против алергии или аторвастанинот за намалување на нивото на холестерол во крвта.

Млеко

Млекото го отежнува дејството на некои антибиотици во вашето тело. Главните виновници се минералите во млекото, како магнезиум и калциум, како и протеинот казеин. Ако земате антибиотици, дознајте кои храна и пијалоци не би требало да ги консумирате за време на терапијата.

Чоколадо

Оваа омилена намирница, особено темното чоколадо, може да ги ослабне ефектите на лековите што ги земате за да се смирите или да заспиете, како што е золпидем. Исто така, чоколадото може да го засили ефектот на одредени стимуланси, на пример метилфенидат (Риталин). Ако лекувате депресија со МАО инхибитори, во комбинација со чоколадо, овој лек може да го зголеми вашиот крвен притисок до опасно ниво.

Алкохол

Треба да се избегнуваат пијалоци што содржат алкохол, а ако земате лекови за срце или за висок притисок, алкохолот би можел целосно да го поништи нивниот ефект. Исто така, може да го зголеми ефектот на некои други лекови над безбедносната граница и да предизвика опасни несакани ефекти.

Кафе

Кафето може да го ослабне ефектот на антипсихотиците како што се литиум и клозапин и да го засили ефектот и несаканите дејства на некои други лекови. Во тој список спаѓаат аспирин, епинефрин (се користи за лекување на сериозни алергиски реакции) и салбутамол (во облик на инхалатори за респираторни заболувања). Исто така, кафето може да му го отежни на вашиот организам искористувањето на железото што сте го внесле во организмот.

Витамин К

Ако земате вафарин – лек кој спречува згрутчувањето на крвта – внимавајте колку витамин К внесувате во вашето тело. Витаминот К може да го намали дејството на овој лек и така да ја зголеми опасноста од зголемување на ризикот од настанување на згрутчување на крвта. Зелката, брокулата, прокељот, кељот, магдоносот и спанаќот се најголеми извори на овој витамин.

Гинко билоба

Некои луѓе ги земаат препарати со оваа билка за да лекуваат или за да спречат висок притисок, деменција, тинитус и многу други состојби, иако нема научни докази за неговата ефикасност. Гинко, од друга страна, може да го ослабне дејствоо на лекови кои контролираат напади, како што се карбамазепин и валпроична киселина.

Фото: Pixabey