Овие пет намирници даваат најмногу енергија, а помоќни се и од кафе

Луѓето кои страдаат од замор и поспаност често посегнуваат по кафе наутро како инстант решение. Сепак, треба да се има предвид дека ова не е единствената опција

0
747

Постојат многу причини за недостаток на енергија, но најчесто се јавува поради нездрав начин на живот. Претерувањето никогаш не е паметно, особено ако зборуваме за консумирање на слатки, грицки, пици, колачи, преработена храна и сосови. Премногу зачинети јадења не се корисни, бидејќи доведуваат до физички и ментален замор. Од друга страна, простите шеќери доведуваат до осцилации на нивото на шеќер во крвта и ненадејни промени во расположението. Веројатно се прашувате што може да се направи во врска со тоа. Откријте кои намирници ќе ви дадат доволно енергија во секојдневното функционирање

Банана

Ова овошје е одличен избор за закуска пред или после тренинг, бидејќи е богато со шеќери кои брзо се разградуваат, а не треба да заборавиме на магнезиумот и калиумот, што ги содржи, а кои ги хранат и мускулите и мозокот и ефикасно се справуваат со заморот.

Спанаќ

Оваа намирница е богата со минерали, кои се исто така важни за работата на нервниот систем. Железото го издвојуваме како одличен сојузник во одржувањето на физичката и менталната сила. Добро е во текот на подготовката да се додаде малку сок од лимон, поради витаминот Ц. Витамините од групата Б веќе се во неговиот состав, што е одлично за метаболизмот и виталноста.

Јајца

Во случај да не сте знаеле, јајцата содржат триптофан и тирозин, што значи дека нивниот внес го регулира лачењето на серотонин, односно допамин. На тој начин, стануваме поживи и помотивирани. Исто така постои и селен, благодарение на што е полесно да се надминат летаргијата и заморот.

Темно чоколадо

Најдобро е да го консумирате она кое содржи повеќе од 70% какао, бидејќи го зголемува расположението и нивото на енергија. Темното чоколадо исто така содржи кофеин и теобромин, алкалоиди кои само го зголемуваат овој ефект.

Лосос

Познато е дека оваа риба е извор на есенцијални масни киселини, пред се Омега 3, кои го регулираат нивото на серотонин. Витаминот Д го поддржува производството на мелатонин, кој ни помага да спиеме подобро и на тој начин да бидеме одморени.

Фото: Unsplash