Овие намирници се поздрави кога се јадат заедно

предлагаме комбинации на здрава храна кои придонесуваат многу повеќе за нашето тело отколку кога се консумираат одделно.

0
546

Нутриционистите честопати велат дека е многу важно за зачувување на здравјето да се комбинираат здрави состојки.

Ние предлагаме комбинации на здрава храна кои придонесуваат многу повеќе за нашето тело отколку кога се консумираат одделно.

Спанаќ и сок од лимон

Комбинацијата на спанаќ и сок од лимон ни помага подобро да го апсорбираме железото. Повеќе од две милијарди луѓе ширум светот имаат ниско ниво на железо во крвта. Кога го зголемуваме нивото на железо во организмот, полесно е да се намалат болките во мускулите и да се забрза закрепнувањето на организмот.

Путер од кикирики и банана

Јаглените хидрати кои се наоѓаат во бананите ја зголемуваат енергијата. Бананите содржат значително ниво на калиум, што го штити нашето срце, додека протеините содржани во путерот од кикирики го стабилизираат нивото на шеќер во крвта.

Јајца и сирење

Жолчката е богата со витамин Д, што предизвикува апсорпција, додека сирењето е многу богато со калциум. Резултатот од оваа комбинација е зголемена густина на коските, посилни мускули и подобро варење.

Јаболко и црно чоколадо

Студиите покажуваат дека честото консумирање црно чоколадо може значително да го стабилизира крвниот притисок. Меѓутоа, комбинацијата на црно чоколадо и јаболко му помага на вашиот кардиоваскуларен систем да се зајакне. Оваа комбинација ви помага кај затнувањето на  крвните садови.

Фото: Pixabey