Рецептот за тестото побарајте го ТУКА. Имајте предвид дека можете да направите и само едно тесто и да му ставите фил. Овојпат ние направивме само едно топче тесто, без кора за одозгора.
Откако тестото ќе го ставите во фрижидерот, подгответе го филот.
Состојки за филот:
Околу 800 г тиква
3 јајца
150 г млеко
ванилин шеќер
цимет
свеж ѓумбир по вкус
шеќер – нема
Приготвување:
Тиквата исчистете ја и исечкајте ја на коцки, па ставете ја во тенџере, додадете вода и варете ја на тивко околу 15 минути, односно додека тиквата не омекне.
Сварената тиква исцедете ја и ставете ја во друг сад. Додадете ги останатите состојки и мешајте додека смесата не стане компактна.
Потоа земете го тестото, расукајте го и ставете го во сад за печење, избоцкајте го со вилушка по дното и одозгора ставете еден дел од филот, наросете цимет, па распоредете го остатокот од филот. Ставете во загреана рерна и печете околу еден час на 180 степени.