Ако сакате вашите бели дробови да бидат здрави, тогаш откажувањето од цигарите е вистинската работа, но она што е на вашата чинија е исто толку важно бидејќи одредена храна може да го подобри здравјето на белите дробови.
Студијата објавена во едно европско списание опфатила 680 лица, од кои некои биле непушачи, некои поранешни пушачи и некои биле пушачи. Тие одговарале на прашања врзани со нивната актуелна исхрана и биле подложени на мерења на спирометар, тест кој ја мери функцијата на белите дробови врз основа на вдишувањата и издишувањата. Го повториле тестот 10 години подоцна.
Истражувачите заклучиле дека колку повеќе јаболка, банани и домати јаделе поранешните пушачи, толку помалку штета имало во нивните бели дробови во тој период.
Ова е многу важно затоа што стареењето и пушењето се најголемите причини за намалена функција на белите дробови. Оваа храна е добра бидејќи содржи многу антиоксиданти кои помагаат во намалување на воспалението на дишните патишта и потенцијално го подобруваат здравјето на белите дробови.
Друга група на антиоксиданти, наречени флавоноиди, исто така може да биде одговорна за ова. Овие состојки се наоѓаат во голем број овошја и зеленчуци и го олеснуваат дишењето. Ова објаснува зошто јаболката и бананите се поврзани со помало намалување на функцијата на белите дробови.
Оваа храна помага во санирање на оштетеното белодробно ткиво предизвикано од повеќегодишно пушење. Претходните истражувања покажале дека луѓето кои јадат храна богата со каротеноиди (пигмент кој се наоѓа во портокаловото, црвеното и жолтото овошје) имаат помала веројатност да развијат рак на белите дробови. Резултатите се одлични и кај оние кои се откажале од пушењето и оние кои престанале да пушат и ја збогатиле исхраната со ликопен го намалиле ризикот од карцином на белите дробови за дури 52 проценти.
Фото: Pexels