Ова се ситуации во кои никако не би требало да користите маслиново масло

Според одделни истражувања, неверојатни 80 проценти од италијанските маслинови масла се „загадени“ со некои други масла.

0
427

Маслиновото масло е еден од омилените избори на оние кои се грижат за своето здравје. Маслото, како и самите маслинки, е познато по скапоцените материи со кои се богати.

Но, постојат ситуации во кои треба да ја преиспитате вашата одлука да користите  маслиново масло.

1. Ако не сте сигурни за неговиот квалитет

Важно е да бидете сигурни дека станува збор за екстра девствено маслиново масло, а тоа го потврдува и фактот дека одделни истражувања тврдат дека неверојатни 80 проценти од италијанските маслинови масла се „загадени“ со некои други масла.

2. Не го користете за пржење

Експертите веруваат дека маслиновото масло престанува да биде здраво ако се користи за пржење, односно ако се загрева на (премногу) висока температура.

Нутриционистката Бриџит Бенет вели дека маслиновото масло во текот на загревањето „се распаѓа“ и голем број важни материи, како што се омега-3 масни киселини и антиоксиданти, пропаѓаат во процесот.

3. Не е пожелно ниту за приготвување месо на скара

Иако многумина препорачуваат маринирање на месо во маслиново масло пред да го испечете на скара, нема да имате многу корист од таквата подготовка. Наместо тоа, премачкајте ја решетката со масло кое подобро издржува високи температури, а за крај оставете го маслиновото масло и со него премачкајте го веќе печеното месо.

4. Подготовка на колачи

Според производителот Oliviers & Co., маслиновото масло може да се додаде на одредени прехранбени производи наместо маргарин и путер, но поради неговата интензивна арома не е добар избор при подготовка на колачи.

5. Кожа склона кон акни

Маслиновото масло е вообичаена состојка во производи како што се сапуни, пилинзи и лосиони. Но, тоа може да ги направи вашите проблеми со кожата уште полоши ако таа е веќе склона кон акни и други несовршености.

Фото: Pexels