Ова се намирници кои не треба да ги замрзнувате!

После обилниот ручек никој не сака да ги фрла остатоците од храната, а најлесен начин да ја зачувате храната е да ја ставите во фрижидер или замрзнувач.

0
642

Покрај веќе познатите намирници како јајца, млечни производи и намирници кои имаат висок процент на вода, експертите предупредуваат дека за замрзнување не се добри и овие намирници!

Веќе одмрзната храна

Замрзнувањето на одмрзната храна е опасно по здравјето заради развојот на штетни бактерии. Но, има решение и за овој проблем. Пред замрзнување распоредете ја храната и замрзнувајте во количина што е доволна за 1-2 чинии.

Сварени тестенини

Сварените тестенини можат да останат во фрижидер неколку дена, но ако одлучите да ги замрзнете, имајте на ум дека кога ќе ги одмрзнете, тие ќе се распаднат, ќе го променат вкусот и текстурата и ќе станат како каша.

Сосови

Остатокот од сосот не е добро да се замрзне бидејќи состојките се одвојуваат, па најдобро е да ги јадете истиот ден. Експертите предупредуваат и дека посебно внимание треба да се посвети на сосовите кои содржат секаков вид брашно бидејќи нивното раздвојување е уште поинтензивно.

Ако шишето кечап е отворено подолго време, подобро истурете го бидејќи ќе стане воденест кога ќе се одмрзне.

Презли

При замрзнување, лебните трошки собираат вода, па кога сакате да ги одмрзнете, стануваат меки, влажни и го менуваат вкусот. Доколку сакате да направите јадења во кои се додаваат лебни трошки, тогаш подобро е да го одвоите делот без трошки што може да се замрзне, а при одмрзнување потоа додадете свежи трошки.

Пржена храна

Не се препорачува замрзнување на пржена храна бидејќи при одмрзнувањето ќе испушти влага со што храната ќе стане кашеста, а причината се токму лебните трошки кои се ставаат при пржење на масло.

Свежи билки и авокадо

И авокадото и билките ќе станат кашести, а замрзнатите зелени билки ќе ја променат бојата во кафена. За среќа, постои начин како да се замрзнат свежите билки. Замрзнете ги со коцки мраз. Кога ќе почнете да готвите, можете веднаш да го ставите мразот во топла вода.

Конзерви

Постои можност од експлозија при замрзнување на конзервирана храна. А и кога е веќе конзервирана, храната може да стои долго во фрижидер, па нема потреба од замрзнување.

Фото: Unsplash