Оваа намирница го намалува ризикот од дијабетес

Новата студија од Шпанија објавена во списанието „Clinical Nutrition“, покажала дека конзумирањето на една изненадувачка намирница барем еднаш неделно може да помогне да се намали ризикот од развој на дијабетес.

0
558

Одржувањето на избалансирана исхрана може да биде исто толку важно за здравјето како и доволно вежбање. Докажано е дека одредена храна има големо влијание врз вашето здравје, како лиснатиот зеленчук, риба или печурки.

Она што го јадете може да го диктира нивото на шеќер во крвта, а консумирањето храна што негативно ќе влијае на тие бројки, како слатки, газирани пијалоци и мрсно месо, доведува до зголемен ризик од бројни медицински состојби, меѓу кои е и дијабетесот. Меѓутоа, новото истражување покажало дека конзумирањето на една изненадувачка намирница секоја недела всушност може да помогне да се намали ризикот од развој на дијабетес.

Во новата студија од Шпанија објавена во списанието „Clinical Nutrition“, испитаниците на кои им е дијагностицирана преддијабетична состојба биле ставени на диетални програми за кои се верувало дека му помагаат на телото да не дојде до настанување на болести. Посебно внимание било усмерено на групата на која ѝ давале 200 гр сардини или две лименки неделно како дел од нивниот режим.

Групата која ги вклучила сардините во својата прехранбена програма покажала намален ризик од развој на дијабетес. Покрај тоа, истражувачите забележале намалено ниво на триглицериди и крвен притисок, намалување на индексот на инсулинска резистенција и зголемување на „добриот“ холестерол и на хормон кој помага при разградување на гликозата (познат како адипонектин).

На групата која во својата прехранбена програма имала сардини двапати неделно, ѝ било советувано да јадат цела риба, без отстранување на коските, во никој случај не додатоци во исхраната, бидејќи коските се богати со калциум, а самата риба содржи поголема количина витамин Д. Експертите забележуваат дека земањето додатоци во исхраната нема да има ист ефект како самата консумација на сардини бидејќи сардините во изворниот облик имаат заштитен елемент за развој на дијабетес, додека хранливите материи земени изолирано во форма на додатоци во исхраната нема да влијаат на организмот во иста мера.

Сардините имаат прифатлива цена, а нивните ефекти можат да бидат исто толку корисни за помладите, како и за постарите лица, па затоа се препорачува да ги воведете сардините на вашето мени барем двапати во неделата.

Фото: Freepik