Обичното ‘турско’ кафе се смета за најздраво кафе во светот

Според американските научници, едно (македонско, српско, грчко, или како веќе си го нарекуваат сите земји во кои се пие, но сепак, најпознато како турско) кaфе на ден, кое е богато со антиоксиданти и содржи само умерено количество кофеин, може да биде клучот за подолг живот.

0
726

Американските научници открија свеж доказ дека кафето има заштитни ефекти од срцева слабост и мозочен удар.
Според истражувачите, за секоја дополнителна чаша испиено кафе неделно, имало 7% намалување на ризикот од срцева слабост и 8% намалување на ризикот од мозочен удар.
Кафето сега се смета за добро за срцето бидејќи овој напиток содржи високо ниво на заштитни антиоксиданти и полифеноли.
Сепак, она што го прави турското кафе супериорно во однос на вашата просечна шолја кафе е неговата концентрација и подготовката, а тие даваат повеќе заштитни соединенија во секоја шолја.
Турското кафе се вари, при што се создава кајмак (пена), која на кафето му додава кремавост. Според нив, процесот на варење на кафето извлекува многу повеќе хранливи материи од зрната кафе отколку методот на филтрирање.

Фото: Pexels