Нутриционистите никогаш не би ги купиле овие производи во продавница

Постојат многу здрави оброци што можете да ги подготвите за 20 минути, но ако сте љубител на готови јадења, нутриционистите предупредуваат дека треба да избегнувате некои намирници и да изберете поздрави опции.

0
347

После долг работен ден, немате премногу време да подготвите вечера или можеби само влеговте во продавницата, а тој подготвен оброк ви го привлече вниманието? Застанете малку пред да ја наполните корпата, бидејќи ваквите јадења можат да бидат вкусни, но не се толку здрави како што можете да помислите. Покрај тоа, тие можат да бидат и опасни по здравјето!

Постојат многу здрави оброци што можете да ги подготвите за 20 минути, но ако сте љубител на готови јадења, нутриционистите предупредуваат дека треба да избегнувате некои намирници и да изберете поздрави опции.

1. Салата од туна и пилешко

Овие две намирници можат да бидат многу вкусни кога ќе се јадат сами и се исто така и здрави. Проблемот се јавува кога се ставаат во салата – додека самиот збор е поврзан со свежина и хранливи материи, салатите како оваа ги содржат малку, објаснува Сем Пресичи, регистриран диететичар. Таквите салати се полни со мајонез и други масти, па затоа е јасно дека се полни и со калории. Здрава опција е чисто парче месо врз салата без адитиви.

2. Смеса за пире од компири
„Лично, јас сум прилично чувствителна на пирето од компири и сакам да знам дека има вистински компири внатре“, додава Кери Клифорд, регистриран диететичар и истакнува дека не толерира пире од кутија или кеса. Здрава опција е да ги испечете компирите или да го замените со пире од карфиол, што е многу поздрава варијанта.

3. Печено пиле
Тие секако се многу вкусни и омилено јадење на многумина, но можеби не сте свесни што јадете кога купувате веќе печено пиле. „Ќе бидете шокирани да знаете колку состојки завршуваат на тоа месо без воопшто да им е таму местото“, вели Пресичи. Од солта што се користи за зачувување на свежината до вештачки вкусови – сите работи што можат да обезбедат само дополнителни калории, го зголемуваат ризикот од развој на некои сериозни болести. Ако има опции, испечете го пилешкото сами без многу сол и само со соодветни зачини.

Ова се јадења што не треба да ги купувате готови – има добро објаснување

4. Смути или протеински напитоци
И двете се здрави опции ако треба да јадете нешто брзо, секако се однесува на оние што сами сте ги подготвиле. Денес, секоја продавница нуди голем број на здрави препарати и не е изненадувачки што тие се многу повкусни од оние што ги правите дома бидејќи покрај овошје и јогурт, тие можат да содржат и шеќери, па на крајот калориската вредност може да биде поголема од онаа на обичен колач. Ако навистина сакате смути, тогаш задолжително подгответе го сами или контролирајте кои состојки ви ги ставаат во него.

5. Готови салати
Тие изгледаат како добар избор затоа што станува збор за салата, но често не содржат свеж зеленчук и им се додаваат сосови, масни сирења и секако сол. Зелените лисја во тој момент стануваат само украс. Одвојте неколку минути време и направете салата по вкус и бидете сигурни дека сте јаделе нешто здраво.

6. Готови сендвичи
Кој не сака да јаде вкусен сендвич? Оние веќе подготвените често содржат преработено месо, масла и леб полн со шеќер. Можно е да изберете поздрава верзија, сендвич со темен леб и многу зеленчук. Сепак, тие брзо се „опуштаат“ и повеќе не се толку вкусни, па затоа советот е сами да го подготвите сендвичот и веднаш да го јадете. Друга опција е сами да кажувате кои состојки да ви ги стават во сендвичот.

7. Суши
„Јапонските ресторани имаат високи стандарди кога станува збор за риба за суши, но Ешли Ван Бускирк, нутриционист, навистина не им верува на овие купени производи затоа што секогаш се прашува колку долго стоел тој лосос во таа продавница, а труењето со храна не е опција. Подгответе го сами или јадете го во проверени ресторани.

Фото: Pixabay