Нутритивна вредност на супер лебовите

Вклучувањето на интегралниот леб во дневното мени, особено ако е збогатен со „супер состојки“, е одличен начин да му се даде сигнал на организмот дека се грижиме за неговата благосостојба.

0
177

Во маркетите низ државата постои голема понуда и широк асортиман на различни видови лебови, па голем дел од потрошувачите се во дилема како да го изберат најсоодветниот, што ќе одговара на нивниот вкус, а во исто време ќе им обезбеди и правилен начин на исхрана?
Интегралните лебови кои се сметаат за подобар избор во исхраната, поради што се застапени и во многу видови диети, се најчест избор на луѓето кои се поборници за здрав начин на исхрана.
Овие лебови се направени од цели зрна жито што е и нивна основна предност бидејќи со обработката житото ја губи својата хранлива вредност.
Здравствените придобивки од консумирањето интегрални лебови се добро варење, редовно празнење на цревата и намалување на лошиот холестерол. Тие имаат и значително поголема количина витамин Б, што е исклучително важно за метаболизмот на јаглените хидрати, но и за квалитетот на кожата и ноктите. Дополнителна причина зошто треба да се јадат интегрални житарки е што тие успешно го контролираат нивото на шеќер во крвта.

Кога станува збор за губење тежина, влакната се клучни за секоја диета, а бидејќи целите зрна содржат повеќе влакна, на тој начин обезбедуваат чувство на ситост.
Жито Лукс како најголем производител на леб и брашно во земјава, на пазарот неодамна пласираше нова категорија специјални интегрални лебови со висока нутритивна вредност:
Интегрален леб со супер житарки – из’ртени овес и спелта, Интегрален леб со супер семки – чија и тиква и Интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант.

Овие лебови се произведени со природни, минимално процесирани состојки, дополнително збогатени со „супер состојки“, познати уште како „super foods“ – чија, тиква, спелта, овес, хељда и амарант. Секоја од овие „супер состојки“ носи дополнителна благодет за организмот и ги прави овие лебови навистина
„супер лебови“.
Хељдaта е природен извор на феноли, фитостероли, диететски влакна, витамини и минерали како и антиоксиданси и незаситени масни киселини. Во комбинација со амарантот, кој е природен извор на висококвалитетни протеини, претставуваат одлична основа за здрав и вкусен оброк. Из’ртената спелта е позначајна од обичната пченица бидејќи содржи повеќе протеини со висока биолошка вредност, а содржи и повеќе минерали. Оваа житарка заедно со из’ртените овесни зрна кои содржат квалитетни протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна, како бета-глукани и фенолни соединенија, со антиоксидативен карактер, се
вистински избор за енергичен почеток на денот. За чијата е познато дека претставува богат извор на омега-3 (масни) киселини, антиоксиданси и растителни влакна. Заедно со семките од тиква, кои се богати со протеини, диететски влакна, минерали, поли-незаситени масни киселини и фитостероли, се одлична комбинација за избалансирана исхрана.
Вклучувањето на интегралниот леб во дневното мени, особено ако е збогатен со „супер состојки“, е одличен начин да му се даде сигнал на организмот дека се грижиме за неговата благосостојба.