Брашното од кафе е богато со хранливи материи, а се прави од делот од кафето што најчесто завршува во отпад. Има повеќе железо од спанаќот, како и повеќе калиум од бананите, и иако сè уште не може да се најде на секој агол, станува сè попопуларна супер храна.
Причината за ова се антиоксидансите и протеините што ги содржи. Добрата работа во врска со брашното од кафе е што користи дел од растението што инаку се фрла. По берењето на плодовите од кафето, зрното се одвојува од црвеникавата месната пулпа што го обвива.
Супер здравиот прав што служи како брашно или зачин се добива со сушење и мелење на пулпата. Брашното од кафе не е толку богато со кофеин како омилениот напиток, но го има во количини во кои го има на пример, темното чоколадо.
Производителите го рекламираат како додаток во исхраната кој има повеќе железо отколку спанаќот и повеќе влакна од интегралното брашно, повеќе антиоксиданти од калинка или шипките, повеќе протеини од келјот, како и повеќе калиум од бананите.
Брашното од кафе е сè попопуларен додаток на колачи, такашто 15 проценти од обичното брашно во рецептот се заменува со она од кафе. Покрај тоа што дава доза на горчина, брашното од кафе им дава и „чоколадна боја“ на колачите или лебот. Ако случајно најдете брашно од кафе, не го очекувајте карактеристичниот вкус и мирис, но судејќи по нутритивниот состав, не е на одмет да го вклучите во исхраната.
Фото: Pixabey