Нов кулинарски трик – јајце печено во рерна

Иако обично ги вариме во врела вода, или ги пржиме во тава, јајцата може да се печат и во рерна.

0
1943

Сѐ што треба да направите е да ги распоредите и да ги печете околу 30 минути на 180 степени. По половина час, ставете ги јајцата во ладна вода со мраз за побрзо да се изладат и да не се препечат, а жолчката ќе ја задржи својата златна, жолта боја.

Овој начин на готвење трае подолго, но за разлика од пржењето или варењето во вода, можете да ставите многу повеќе јајца во рерната.

Освен тоа што на овој начин можете да подготвите многу повеќе јајца во исто време, друга предност е отстранувањето на лушпата, што оди многу побрзо ако јајцата се печат во рерна.

Печеното јајце можете да го исечете на средина, а со нож само одвојте ја лушпата, а доколку ви треба целото јајце, ставете го во чаша со вода и протресете го. На тој начин, лушпата ќе се распука, а вие ќе можете да ја излупите во два – три потези.

Дополнителни совети:

Кога печете јајце во рерната, постои можност да се појават кафени дамки на лушпите. Но, тоа не е причина за грижа, бидејќи кога ќе ги потопите во вода, точките ќе исчезнат.

Исто така, пред печењето наредете ги јајцата во калап за мафини за подоцна лесно да ги извадите од рерна.

Фото: Freepik