Шведска воведе нов данок за пластични кеси кој ќе стапи на сила на 1 мај 2020. година и ќе се наплатува три круни по кеса.
Денеска, супермаркетите им наплаќаат на купувачите две до три круни за секоја пластична кеса. Заедно со ДДВ, овој нов данок би можел да ја подигне просечната потрошувачка цена на пластичните кеси кои се достапни на благајните, на шест или седум круни, соопшти Шведската трговска федерација.
Данокот ќе им се наплаќа на продавниците кога ќе се купат пластичните кеси, но Шведската трговска федерација соопшти дека трошокот најверојатно ќе им биде пренесен на потрошувачите.
„Ова е тотално лудо“, рекол Матс Хеденстром, директор за економска политика во Шведската трговска федерација.
„Тие не се искрени со граѓаните и потрошувачите зошто го прават тоа. Подобро би било ако рекоа дека бркаат приходи“, вели Хеденстром. Според него, пластичните кесички не се значаен еколошки проблем во Шведска, бидејќи повеќето од нив се согоруваат.
„Кога дојде, основа за оваа директива на ЕУ беше проблемот со ѓубрето што постоеше околу медитеранските земји. Тоа не е ситуација и во Шведска. Ако ги погледнете езерата и природата околу, ќе видите дека тука не се проблем првенствено пластичните кеси што ги наоѓате таму“, изјавил Хеденстром.
Заменик министерот за финансии на Шведска, Пер Болунд, не се согласува.
„Ова не е целосно точно, доволно е да погледнеме на улиците и плоштадите или во шумските области за да видиме дека има пластични кеси и на тие места. Иако ние сме подобри од некои други земји, не е дека немаме проблеми со ова“, вели Болунд за Шведските вести TT.
Според Болунд, обвинувањата дека оваа политика има за цел да собере приходи, се дискутабилни бидејќи политиката експлицитно има за цел да ја намали продажбата на пластичните кеси за еднократна употреба, под влијание на данокот. Приходите добиени од новиот данок се очекува да опаѓаат со текот на времето, бидејќи потрошувачите ќе го менуваат своето однесување и ќе купуваат помалку кеси.
Фото: Pixabey