Истражувачите во Канада, Шпанија и Полска фрлиле сенка на советите за исхрана кои ги усвоиле здравствените организации ширум светот. Во својата работа, академиците ги анализирале претходните истражувања за тоа како консумирањето на месо влијае на здравјето на повеќе од четири милиони луѓе.
Не нашле никакви докази дека консумирањето на говедско, свинско и јагнешко може да ја зголеми стапката на срцеви болести, рак, мозочен удар или дијабетес тип 2 – наспроти сите стравови.
Студијата била спроведена од страна на научниците од „Dalhousie and McMasteru Universuty“ во Канада, како и од „Cochrane research centres“ во Шпанија и Полска. Разгледувани се 61 истражување кое го следело здравјето на повеќе од 4 милиони луѓе. Тимот утврдил дека резултатите од минатите истражувања се со премногу лош квалитет за да дадат какви било сугестии за начинот на кој луѓето би требало да го живеат својот живот.
Како резултат од тоа, група од 14 стручњаци од седум земји соопштила дека луѓето би требало да продолжат да јадат просечна количина црвено месо, што значи три до четири пати неделно.
„Врз основа на истражувањата не можеме со сигурност да кажеме дека консумирањето на црвено или преработено месо предизвикува рак, дијабатес или срцеви болести“, рекол Бедли Џонстон, вонреден професор на „Dalhousie University“.
„Севкупните препораки, спротивни на речиси сите други кои постојат, навестуваат дека луѓето треба да продолжат да ги јадат своите актуелни дози црвено или преработено месо, освен ако самите не почувствувале потреба да не ги јадат.
Ова е сигурно контроверзно, но се заснива на најопсежен преглед на досегашните докази. Бидејќи таа ревизија е сеопфатна, тие кои сакаат да ја оспорат тешко ќе најдат соодветни докази на кои ќе градат аргументи“, стои во воведникот објавен заедно со трудовите на д-р Арн Керол и д-р Тифани Доерти од Универзитетот во Индијана.
Причината зошто претходните резултати биле толку слаби е дека студиите биле толку нејасни што немало начин да се докаже директната врска помеѓу консумирањето месо и здравјето.
„Постојат значајни докази дека преработеното месо може да предизвика ракна црева, па и Светската здравствена организација во 2015.година го класифицирала ако канцероено“, рекол професор Тим Кеј од Универзитетот во Оксфорд.
Новите извештаи за резултатите се во суштина идентични со постоечките докази, но опишуваат целосно поинакво влијание, спротивставувајќи се на општиот консензус на стручњаците за истражување на ракот.
Официјалните лица со години се обидуваат да ги охрабрат промените во исхраната на човекот. Нивните препораки се да се ограничи количината на црвено месо на 70 грама на ден.
„Cancer Research UK“ вели дека три хемиски супстанции во месото се поврзани со ракот на црева затоа што ги оштетуваат клетките во цревата.
„Важно е да се запомни дека консумирањето на црвено и преработено месо е една од компонентите на нашиот целокупен образец на исхрана и е малку веројатно дека одредени намирници се важни поединечни фактори во предизвикувањето рак“, смета д-р Џота Митроу, директорка на истражувањата во Светскиот фонд за истражување на ракот.
Истражувањето е објавено во списанието „Annals of Internal Medicine“.
Фото: Pixabey