Цветовите од брокула се омилена супер храна, но помалку е познато дека изобилие од нутриенти можеме да добиеме од никулците на брокулата. Покрај тоа, тие содржат уште поголема концентрација на корисното соединение сулфорафан, кое го зајакнува имунитетот, варењето и кардиоваскуларниот систем, а има и сѐ повеќе научни докази дека го спречуваат развојот на малигни заболувања.
За разлика од благиот вкус на цветовите од брокула, никулците се попикантни и се одличен додаток во сендвичите, салатите и намазите какона примерот, во хумус. Ако ги додадете во пржени или готвени, направете го тоа на самиот крај од подготовката, за да ги задржите хранливите материи и крцкавата текстура.
Важно е никулците добро да се џвакаат за притоа да ги ослободат ензимите кои го активираат сулфорафанот.
Фото: Pixabey