Не наседнувајте: 9 непогрешливи трикови како да го препознаете вистинскиот мед

Често сме во дилема каде да купиме мед и дали оној што сме го одбрале е вистински, чист, природен...Затоа, ако е можно најдобро е да најдете некој пчелар и да купувате директно од него.

0
855

Еве девет трикови со чија помош ќе откриете дали е медот чист и природен. Некои од нив можеби веќе ги знаете, но некои ќе ви бидат нови. Сите се едноставни и не треба многу за да го проверите медот што сте го купиле првпат.

  1. Протријте малку мед помеѓу показалецот и палецот додека не се распадне. Малку мед ќе се апсорбира во кожата затоа што чистиот мед е добар за кожата. Природниот мед не е леплив. Ако она што го триете е лепливо, тоа значи дека во него има шеќер или вештачки засладувачи.
  2. Ставете неколку капки мед на хартија или на хартиена крпа. Чистиот мед нема да ја пробие хартијата долго време, бидејќи не содржи вода.
  3. Ставете малку мед кај мравките. Пчелите инстинктивно градат кошница на дрвјата и меѓу карпите. Тие ставаат мед за да се заштитат од штетниците какви што се мравките. Мравките нема да допрат природен мед.
  4. Наполнете чаша вода и додадете 1 лажичка мед. Чистиот мед ќе се згрутчи и ќе се спушти на дното, а лажниот мед ќе почне да се раствора.
  5. Намачкајте мед на парче леб. Природниот мед ќе го зацврсти лебот за неколку минути. Вештачкиот мед ќе го навлажни лебот заради неговата содржина на вода.
  6. Вистинскиот мед ќе ви даде чувство на пецкање во устата непосредно пред голтањето. Лажниот мед не може да го постигне тоа.
  7. Гледајте дали медот ќе се кристализира со тек на време. Лажниот мед ќе остане мазен како сируп, без оглед колку долго се чува, додека вистинскиот мед ќе се кристализира.
  8. Натопете го врвот на чкорче во мед и обидете се да го запалите. Природниот мед нема да спречи чкорчето да се запали. Лажниот мед има вода, па тоа нема да може да се запали.
  9. Ставете две до три лажички мед во микробранова печка. Загрејте на висока температура. Природниот мед брзо ќе се карамелизира инема да стане пенлив. Лажниот мед тешко ќе карамелизира и ќе биде преполн со меурчиња.

Фото: Pixabey