Не е ефикасно против уроци!

Ако се чудите што е оваа чудесија, веднаш да ви кажам, не е против уроци - против комарци е

0
295

Знаеме веќе дека е лимоните се здрави. Како дел од семејството цитрусни овошја, тие содржат низа нутриенти кои секојдневно му се потребни на организмот за правилно функционирање. Еден лимон со просечна големи, содржи речиси 100% од дневните потреби од витамин Ц. Покрај тоа, лимоните содржат и висока количина растворливи растителни влакна, околу 1г протеини, многу низок процент на масти и помали количества железо, калиум, цинк и калциум.

Каранфилчињата пак, иако се најпознати како зачин за колачи или како додаток во варена пченица, имаат и многу лековити својства: против забоболка, холестерол и лош здив, но и како превенција од рак на белите дробови.

Но лимоните и каранфилчињата немаат само здравствени придобивки, туку се корисни и за да се спасите од комарците и мувите.

Исечете го лимонот на пола и набоцкајте го со каранфилчиња.

Потоа само ставете го покрј вас, додека седите, додека јадете, додека спиете,…

Ефикасно е. Испробавме!