Нема докази дека храната може да биде извор на инфекција со коронавирус!

Сепак, бидете внимателни

0
240

Европскиот орган за безбедност на храна (ЕФСА) внимателно ја следи состојбата во врска со епидемијата на коронавирусот (КОВИД-19), која зафати голем број на земји низ целиот свет.

Во моментов нема докази дека храната може да биде извор или носител на вирусна инфекција.

Водечката научничка во ЕФСА Марта Хугас вели:

Искуствата со претходни епидемии сродни со коронавирусот, како што беа тешкиот акутен респираторен синдром (САРС-КоВ) и Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС-КоВ), покажаа дека нема пренесување на вирусот преку консумација на храна. Во овој момент, нема докази дека новиот коронавирус се однесува поинаку.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) соопшти дека Иако во Кина најверојатен извор на оригиналната инфекција се животните, вирусот се пренесува од човек на човек – претежно преку кашлање и кивање.

Научниците и властите ширум светот го следат развојот на болеста и досега нема пријавени случаи на пренесување на коронавирус преку храна.

Што се однесува до безбедноста на храната, Светската здравствена организација издаде препораки за мерки на претпазливост, вклучително и совети за примена на соодветни хигиенски мерки при ракување и подготовка на храна, како што е миење на рацете, темелна преработка на храната и избегнување на можно взаемно загадување помеѓу зготвената и сировата храна.

Фото: Pixabey