Нема болест за која калинката нема да помогне – Како најлесно да ја исчистите или исцедите?

Калинката содржи изобилство на витамин Ц, голема количина на фолна киселина, витамини А и Е, калиум, 3 вида полифеноли, многу моќни форми на антиоксиданти кои ги штитат клетките на молекуларно ниво од деструктивните ефекти на слободните радикали.

0
1420

Калинката зрее на почетокот на есента и е достапна од септември до јануари. Калинката се смета за едно од првите култивирани плодови заедно со маслинките, грозјето, смоквите и урмите. Со векови била симбол на здравје, плодност, имала мистични лековити својства, но и практична примена како боја или украс. Своето место го наоѓа во бројните митови и уметнички дела, од Рафаел до Сезан, од Хомер до Шекспир.

Тајните на калинката

Калинката неодамна беше прогласена за супер херој меѓу овошките и повторно се најде во центарот на вниманието, не само поради префинетиот кисело-сладок вкус, туку и поради придонесот за одржување на здравјето. Студиите покажуваат дека содржи богатство на антиоксиданти, а зголемената потрошувачка е поврзана со подобрен кардиоваскуларен статус, забавување на загубата на ‘рскавицата што може да го забави артритисот, како и корисни ефекти врз простатата, крвниот притисок, Алцхајмеровата болест, плодноста и стареењето.

Содржи изобилство на витамин Ц, и поголема количина на фолна киселина и витамини А и Е, а калиумот зазема посебно место меѓу минералите. Сокот содржи три вида полифеноли – танини, антоцијанини и елагична киселина, многу моќни форми на антиоксиданти кои ги штитат клетките на молекуларно ниво од деструктивните ефекти на слободните радикали. Калинката содржи повеќе антиоксиданти од брусницата и портокалот, а едно овошје има три пати поголем антиоксидативен потенцијал од црвено вино и зелен чај. Овие состојки брзо се апсорбираат од дигестивниот систем и не се токсични.

Речиси и да нема состојба каде калинката или сокот од калинка не ги покажале своите лековити ефекти: тие можат да помогнат во борба против анемија, рак на простата, срцеви заболувања, да го намалат нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол, да имаат корисен ефект врз дијабетесот и лимфомот. Сокот од калинка го запира природниот процес на стврднување на sидовите на крвните садови. Сокот има антибактериски и антивирусни својства, што помага во зачувување на забите. Исто така, ја намалува синтезата на естроген во телото и може да помогне во лекувањето на рак на дојка. Пронајдена е состојка во екстрактот од калинка која дополнително се испитува поради можниот потенцијал во заштитата од карцином на кожа.

Калинката консумирана како овошје нема несакани ефекти, и може да се јаде во речиси неограничени количини. Секое овошје е извор на богатство на фитонутриенти, а ако се јаде свежо, поволните ефекти врз здравјето се поголеми и посилни. Се препорачува да се консумира сирова калинка за подобра употреба на антиоксидантите, како дел од балансираната исхрана, а исто така и доколку имате проблеми со апетитот, утринската мачнина и воспаление на грлото. Се покажало дека калинката им помага на луѓето со астма, бидејќи високото ниво на витамин Ц има силни антиинфламаторни ефекти.

Чување

Калинките можете да ги чувате на собна температура, но не директно на сончева светлина. За подолго чување може да се чува во фрижидер, а самите зрна може да се чуваат во фрижидер или замрзнувач во пластични кеси.

Сокот од калинка е патот до витка и здрава линија

Сокот од калинка е одличен помагател во отстранувањето на насобраните вишок килограми на половината и стомакот, особено кај мажите, откриле британски експерти. По само еден месец секојдневно пиење сок од калинка, учесниците во студијата биле помалку склони кон развој на масни клетки на стомакот, имале понизок крвен притисок, а со тоа и помал ризик од срцев и мозочен удар и болести на бубрезите, откриле истражувачите од Универзитетот во Единбург. Тие веруваат дека сокот од калинка може да им помогне на милиони жени и мажи да се ослободат од непријатниот појас на стомакот и е особено ефективен кај мажите.
Експертите веруваат дека сочниот сок ја намалува количината на специфична масна киселина во крвта, што е директно поврзано со таложење маснотии на стомакот, како и со зголемен ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип два.

Ова овошје содржи три пати повеќе антиоксиданти од зелениот чај или црвеното вино. Антиоксидансите се клучни во борбата против слободните радикали кои ги уништуваат ДНК и клеточните мембрани. Штетата направена од радикалите резултира со разни болести, вклучувајќи рак. Калинката е исто така ефикасна во лекување на остеоартритис, а пиењето на сок од калинка за време на бременоста го штити мозокот на новороденчињата за време на трауматско раѓање, покажало истражувањето.

Наједноставните начини за да ги извадите зрнцата од калинката е оној кога полека со нож треба да ја засечете на половина, а потоа, секоја од половините завртени наопаку над некој сад, треба да ги чукате, на пример, со дрвена лажица. Зрнцата сами ќе паднат во садот.

За сок од калинка е наједноставно само да го преполовите плодот и да го исцедите на ист начин како и лимоните.

Фото: Pixabay