Повеќе од 20 години јадевме киви на еден од двата начини. Едниот е да го излупиме и да го исечеме на кришки, а другиот – да го преполовиме и да го јадеме со лажица. Сега научивме нешто на што никогаш не би ни помислиле – може да се јаде и влакнестата кафена кора од ова слатко-кисело овошје полно со антиоксиданти и хранливи материи.
Звучи лудо, но истражувањата откриле дека лушпата (или кожата?) од киви содржи голем број на хранливи материи, особено влакна и витамин Е. Ако јадете и кожа од кивито, количината на влакна се зголемува за дури 50 проценти, додека количината на витамин Е – за 34 проценти.
Кората од киви може да биде одбивна за некои луѓе, но можете да ги отстраните влакната со триење на кивито со крпа, четка или со помош на лесно стругање со лажица.
Ова ги поедноставува работите – сега можете само да земете киви и да го гризете како јаболко. Или ставете го целото во блендер. Ако не ви се допаѓа текстурата, можете да го јадете како порано.
Ова овошје го подобрува нивото на холестерол, го намалува крвниот притисок, ја подобрува апсорпцијата на железо, го зајакнува имунитетот и го намалува запекот.
Фото: Pexels