Сите знаеме дека сите овие супстанции се од голема важност за здрав живот, но нивното комбинирање е уште поздраво. Ви донесуваме список на најздрави комбинации на нутриенти.
Чај и лимон
Зелениот чај е секако на самиот врв на здравите напитоци, тој е добар за општото здравје поради антиоксидансот катехин што го содржи, со што се намалува ризикот од болести на срцето и карцином. Но, ако сакаме дополнително да ги промовираме здравите ефекти на зелениот чај, мора да додадеме малку цитрус, по можност лимон. Се покажа дека аскорбинската киселина од агрумите ја поттикнува апсорпцијата на катехините во крвотокот.
Банани и јогурт
Јогуртот, како и другите производи за ферментација, како што се кефир и кисела зелка, се полни со добри бактерии кои ги нарекуваме пробиотици, и тие го одржуваат силниот имунолошки и дигестивен систем. Но, како и сè друго во природата, тоа функционира уште подобро во парови. Додадете им инулин.
Инулин има во бананите, артичоките, црвениот кромид, лукот и пченицните никулци. Инулинот е несварлив јагленохидрат што е всушност храна за цревните бактерии, тој овозможува пробиотикот да расте и со тоа го подобрува неговото делување.
Салата и авокадо или јаткасти плодови
Зелената салата без зачини и нема многу добар вкус, па затоа додадете малку преливи, јаткасти плодови или авокадо. Не само што ќе го подобрите нејзиниот вкус, туку и ќе ги зајакнете нејзините лековити својства. Научно е докажано дека кога додаваме маслиново масло или авокадо во салатите, ја зголемуваме количината на антиоксиданти, како што се лутеин од зелената салата, ликопен од доматите и пиперките или бета-каротен од морковите.
Грав и сирова пиперка (витамин Ц и железо)
Железото и витаминот Ц имаат неверојатно здрава и нераскинлива врска за која се зборува со децении. Железо добиваме од природата во две форми: животинска (говедско, риба) и растително потекло (цели житарки, спанаќ, мешунки).
Телото апсорбира до 33 проценти помалку железо од растително потекло отколку од животинско, но може многу да ја подобрите оваа апсорпција ако комбинирате железо од растително потекло со витамин Ц.
Вино и риба
Виното и рибата не одат едно без друго, и во гастрономски и во здравствен смисол. Научниците веруваат дека антиоксидантите кои се наоѓаат во виното, како што е резервратолот, може да бидат „виновници“ за добрата апсорпција на омега 3 масните киселини, со кои рибата е многу богата. Омега 3 масните киселини се познати како многу моќни борци против безброј болести како што се депресија, дијабетес, мозочен удар.
Лоши комбинации на храна
Исто како што има добри, постојат и некои лоши комбинации на храна што треба да се избегнуваат.
Млеко и чај
За среќа, млекото и чајот не се многу честа комбинација кај нас. Имено, научниците открија дека додавањето млеко во црниот чај ги поништува сите негови придобивки за кардиоваскуларниот систем.
Млеко и чоколадо
Истражувањата покажаа дека млекото може да ја намали апсорпцијата на флавоноидите кои се наоѓаат во чоколадото (зрната какао). Се покажа дека овие флавоноиди имаат корисен ефект врз намалувањето на крвниот притисок. Од таа причина, секогаш изберете темно наместо млечно чоколадо.
Кафе и овесна каша
Познато е дека танините кои се наоѓаат во кафето, чајот и виното многу лошо влијаат на апсорпцијата на железо во организмот. Овесот, мешунките и зелениот лиснат зеленчук се многу богати со железо, затоа не мешајте ги со утринското кафе.
Фото: Pexels