Намазот од наут, попознат како хумус, е еден од најпознатите специјалитети на Блискиот исток. Леблебии, маслиново масло, лук, лимон и паста од сусам (таан) се главните состојки на намазот. Но, хумусот се прави и од грашок, црвени пиперки, спанаќ, како и од – тиква.
Одберете тиква што нема премногу вода, како што е на пример мускатната тиква. Исчистете ја и исечете ја на коцки, а потоа печете ја во рерна на 220° C околу 30 минути – додека не омекне и додека не се испече убаво. Потоа згмечете ја и направете ја како пире.
Состојки:
1-2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
околу 2 лажици вода од онаа во која се варел наутот
250 г варен наут
2/3 чаши пире од тиква
1 лажица масло од тиква
1 лажица таан
сок од лимон по вкус
Приготвување:
Натопете го наутот во вода преку ноќ и следниот ден сварете го или употребете наут од конзерва.
Загрејте го маслиновото масло и додадете ги излупените чешниња лук. Оставете ги околу 15 минути на многу тивок оган.
Измешајте го наутот со лук, маслиново и масло од тиква, пире од тиква и таан. Додадете вода од сварениот наут по потреба за да ја добиете вистинската густина и измешајте. Вкусете и додадете сол и сок од лимон по вкус и промешајте повторно.
Совет: Хумусот послужете го со потпечено лепце, парчиња јаболка, крекери, или нешто друго.
Фото: Pixabay