Печените јаболки се еден од омилените есенски деликатеси. Ако се приготват на овој начин, без тешки полнења туку само со крцкав фил од ореви и мед, тие ќе бидат вистинско лесно уживање.
Состојки за две лица:
1 јаболко и 1 круша
30 г овесни снегулки
30 г сечкани ореви или бадеми
40 г путер
1 ипол лажица мед
Малку цимет
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200°C, а огноотпорниот сад обложете го со хартија за печење.
Измијте го овошјето, преполовете го и отстранете ги нејадливите делови па издлабете ја маку средината за да може да ги пополните со филот. Од надворешната страна исечете мало парче за да може овошјето стабилно да лежи. Поросете ги со малку цимет.
Месото што сте го издлабиле исечкајте го на ситно.
Соединете ги останатите состојки и со прсти соединете ги во смеса во форма на трошки, а потоа додадете го и исечканото издлабено „месо“ и сѐ измешајте.
Наполнете го овошјето со филот и печете околу 25-30 минути.
Послужете топло или со малку сладолед.
Фото: Pixabey