Оваа билка се здоби со огромна популарност заради своите здравствени придобивки. Се смета дека потекнува од подножјето на Хималаите во северна Индија и е сроден со куркумата.
Веруваме дека речиси сите денеска знаат колку се цени ѓумбирот како природен лек. А дали знаевте како можете да го подготвите ѓумбирот за да ги искористите неговите здравствени придобивки?
Еве ги, најдобрите рецепти за ѓумбир се пред вас!
Ѓумбир со мед
Комбинацијата на ѓумбир и мед е древен тоник, кој е особено популарен во азиската, индиската и арапската хербална медицина, при што ‘медовата вода’ се користи како посредник за да се пренесат придобивките од коренот на ѓумбир во организмот.
Состојки:
- 1 лажица свежо сечкан / ситно сечкан ѓумбир
- 1 лажица мед
- 1 чаша топла вода
Приготвување:
- Ставете рендан ѓумбир во шолја зовриена вода.
- Оставете да отстои 5-10 минути и извадете го ѓумбирот.
- Додадете мед кога пијалокот доволно ќе се олади.
Оваа комбинација е тоник најпознат како природен лек за варење.
Како природен антибиотик, оваа лековита смеса:
- Го стимулира имунитетот кај оние со слаб дигестивен систем.
- Се бори со токсините, помага во пренесување на храната низ желудникот и дигестивниот тракт (дигестивниот систем).
- Го третира вознемирениот стомак, мачнината, повраќањето и дијарејата.
- Ве ослободува од надуеност и придружни проблеми.
- Ги ублажува симптомите на настинка и грип.
- Делува како лек против кашлица.
- Помага за чистење на синусите.
- Ја олеснува главоболката и течењето на носот.
- Го намалува воспалението, го олеснува отокот и болката при артритис.
- Ја ублажува болката од мигрената.
- Ги олеснува менструалните грчеви.
Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир е еден од најдобрите и најлесните начини да го внесете ѓумбирот во вашата дневна исхрана и затоа искористете ги неговите лековити дејства.
Како да направите чај од ѓумбир:
Излупете помало парче корен од ѓумбир (со големина 5 см) и исечете ги на парчиња (прстени). Во меѓувреме, ставете 1 литар вода да зоврие, па додајте го подготвениот ѓумбир во врелата вода и варете уште 10 минути.
Извадете го чајот од ѓумбир од оган, покријте го и оставете да отстои околу 15 минути. После тоа, кога ќе се подизлади, можете да додадете мед и лимон за да го направите вкусот подобар.
Ѓумбир и лимон
Ѓумбирот и сокот од лимон се многу лесни за подготовка и многу лекуваат. Го зајакнуваат имунитетот, го чистат организмот и го поттикнуваат здравото слабеење.
Состојки:
1 поголем корен свеж ѓумбир (големина 5 см)
2 лимони
Мед
Приготвување:
Излупете еден поголем корен свеж ѓумбир (големина 5 см) и ставете го во блендер или соковник, потоа додадете 2 лимони (излупени) и измешајте. На овој начин ќе добиете концентриран ѓумбир и сок од лимон, кој се разредува со вода. Можете да го засладите сокот по вкус. Свежо подготвениот сок од лимон и ѓумбир треба да се пие најмалку 3 пати на ден за да има лековито дејство.
Ѓумбир, лук и лимон
Ѓумбирот, лукот и лимонот во комбинација се вистински природен мелем за бројни здравствени проблеми. Тие го зајакнуваат имунитетот, го чистат телото од токсини и други штетни материи, делуваат против инфекции и воспаленија, ги чистат крвните садови и го зајакнуваат организмот.
Како да ја подготвите оваа прекрасна комбинација:
Состојки:
- 500 гр квалитетен мед
- 1 поголем корен од ѓумбир
- 1 лимон
- 1 помала главица од лук
Приготвување:
Подгответе еден поголем корен свеж ѓумбир, излупете го и изрендајте го. Земете 1 лимон и исцедете го сокот или исечкајте го лимонот на парчиња како што ви одговара. Излупете го лукот и ситно исечкајте го. Сите овие состојки ставете ги во стаклена тегла со мед, така што ќе се наполни малку повеќе од половина, бидејќи ѓумбирот и лимонот ги ослободуваат соковите. Теглата оставете ја да отстои еден ден со сите овие состојки, а прелијте ја со мед.
Ако имате какви било проблеми, земајте 3 супени лажици од оваа смеса секој ден. За да го зајакнете имунитетот и да спречите болести, земајте 1-2 лажици од оваа смеса на ден.