Најдобрите комбинации на лути зачини

Кромидот и лукот, пиментот и ориганото содржат моќни антибактериски состојки и се зачини со најсилни антибиотски својства. Тие зачини ги уништиле сите триесет микроорганизми против кои биле тестирани, вклучувајќи ги и ешерихија коли и салмонела.

0
203

Според научните истражувања, кромидот и лукот, пиментот (познат и како најквирц или јамајкански црн пипер) и ориганото содржат моќни антибактериски состојки и се зачини со најсилни антибиотски својства.

Тие зачини ги уништиле сите триесет микроорганизми против кои биле тестирани, вклучувајќи ги и ешерихија коли и салмонела, две бактерии кои предизвикуваат труење со храна. Научниците утврдиле дека антибиотските состојки во билките се развиле како одбранбен механизам против напаѓачите – габи, бактерии и инсекти. Овие споредни состојки не се клучни за базичниот метаболизам на растението, но тие придонесуваат за аромата и се резултат на еволутивниот процес одговорен за неговата заштита. Токму од истата причина и ние ги користиме билките во нашите рецепти, затоа што делуваат како антибиотици.

Истражувајќи кои лути зачини делуваат како антибиотици, научниците откриле и дека постои директна врска помеѓу климата и количината на зачини што се користат во кујните на некои култури. Зачинетата кујна обично асоцира на земји од топлите краеви и содржи големи количини кромид и лук, бидејќи храната во тие региони се расипува побрзо, а лутите зачини делуваат како антибиотици и го спречуваат тоа.

Во овие кујни се исто така чести состојки се и фефероните и други лути пиперки. Откриено е дека капсаицинот од лутата пиперка убива до 75% од бактериите во лабораториските тестови.
Зачините кои убиваат само 25% од бактериите во тестовите се црниот и белиот пипер, ѓумбирот, целерот и сокот од лимон.

Фото: Pexels