Наут: Содржи многу протеини, го намалува холестеролот, погоден е за дијабетичари

Истражувањата што траеле 25 години и опфаќале повеќе од 16,000 луѓе ширум светот покажале дека кај луѓето кои редовно консумирале мешунки, во кои спаѓа наутот, ризикот од срцеви заболувања бил намален за 80 проценти.

0
568

Роден е во Персија, а има докази дека се користи повеќе од 7.000 години. Им бил омилено јадење на Египќаните, Грците и Римјаните и постепено се проширил и во други земји низ целиот свет. Сега најголеми производители на наут се Индија, Пакистан, Турција, Етиопија и Мексико.

Најпознати јадења од наут се хумус и фалафел.

Наутот може да биде подготвен и со зеленчук, со кари сос или да се послужи како салата. Брашното од наут се користи за да се подготват многу деликатеси.

Покрај тоа што е вкусен, наутот е и многу здрава намирница, особено погодна за дијабетичари.

Тој е богат извор на хранливи материи

– содржи молибден (минерал во трагови), диетални влакна, фолна киселина и манган, богат е со минерали како железо, магнезиум, бакар и цинк

Има низок гликемиски индекс
– студиите за гликемискиот индекс на храна покажале дека наутот има низок гликемиски индекс (28-32)

Содржи многу протеини
– Наутот е важен извор на макро хранливи материи и содржи многу протеини. Готвениот наут со зеленчук и интегрални житарки како оризот е одличен високопротеински оброк со малку маснотии.

Го намалува холестеролот
– Диететските влакна кои ги содржи наутот помагаат во намалување на холестеролот во крвта на начин што се врзуваат со жолчните киселини во тенкото црево и спречуваат нивна реапсорпција.

Погоден е за дијабетичари
– Наутот спречува ненадеен пораст на шеќерот во крвта после оброк и затоа е идеална храна за дијабетичари. Научните истражувања потврдуваат дека редовното консумирање на наут може да спречи дијабетес.

Спречува срцеви заболувања
– Редовното консумирање на наут може да го намали ризикот од коронарна срцева болест.

Истражувањата што траеле 25 години и опфаќале повеќе од 16,000 луѓе ширум светот покажале дека кај луѓето кои редовно консумирале мешунки ризикот од срцеви заболувања бил намален за 80%.

Фото: Pixabey