Науката потврдува: Луѓето кои јадат многу месо живеат пократко

Со истражувањето чии резултати биле објавени во списанието „JAMA Internal Medicine“, консумирањето на два мали оброци црвено или преработено месо неделно е поврзано со три до седум проценти поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања и три проценти поголем ризик од смрт во однос на сите други причини. Консумирањето риба не било поврзано со негативни здравствени последици.

0
571

Според едно истражување чии резултати биле објавени во списанието JAMA Internal Medicine, консумирањето на два мали оброци црвено или преработено месо неделно е поврзано со три до седум проценти поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања како што се срцев удар и мозочен удар, и три проценти поголем ризик од смрт во однос на сите други причини.

Консумирањето на некои месни преработки двапати неделно, исто така, е поврзана со поголем ризик од срцеви заболувања, но не и со поголема смртност, се вели во студијата спроведена од научници од Медицинскиот Факултет Фајнберг на универзитетот Nortvestern.

Конзумирањето риба не било поврзано со негативни здравствени последици.

Помалку месо – подобро здравје

Норина Ален, епидемиолог и педијатар од медицинскиот факултет на Nortvestern и координаторка на истражувањето, вели дека нејзиното истражување се занимавало со испитување на тоа дали луѓето кои јадат повеќе месо имаат поголема веројатност да се разболат и да умрат со споредување на достапните податоци за да утврдат дали постојат позитивни корелации помеѓу намалениот внес на месо и подобрување на општата здравствена состојба.

Ален вели дека се надева дека луѓето умерено ќе консумираат преработено месо и ќе консумираат повеќе овошје, зеленчук и зрна.

Речиси 30.000 мажи и жени биле опфатени во истражувањето на универзитетот Нортвестерн, која ги следела испитаниците од шест различни долгорочни истражувања и до 30 години.

„Споредено со претходните истражувања, ова отиде неколку чекори подалеку во обидот да се открие влијанието на месото со следење на факторите на ризик кај поединците и други аспекти од исхраната на секоја одделна личност“, додава Ален.

Промени во исхраната

Иако зголемувањето на ризикот од два оброка неделно е мало, ризикот се зголемува кога едно лице консумира повеќе црвено месо, покажуваат истражувањата.

Истражувањето имало неколку ограничувања, од кои поголемото било тоа што се потпирало на податоците на испитаниците за тоа што јаделе еден месец пред да започне истражувањето и не се земени предвид евентуални промени во исхраната во годините потоа.

Испитаниците биле следени во просек 19 години.

Ален посочува дека е интересно што постои значителна врска помеѓу здравјето на испитаниците и нивната смрт со она што ја сочинувало нивната исхрана пред повеќе од десет години.

Фото: Pixabey