Има ли човек кој не сака домашна супа со кнедли или кнедли во некое јадење со сос?
Ако имате бајат леб, не го фрлајте бидејќи можете да направите феноменални кнедли. Рецептот ни доаѓа од Германија па овие кнедли се познати и како германски или ловечки кнедли.
Вака подготвените кнедли може да се послужат со гулаш или со паприкаш, но и со малку месо и сос од печурки. Исто така, еден од начините на кои можете да ги послужите е во супа.
Состојки:
550 гр бајат леб
100 гр сланина
1 кромид
250 мл млеко
2 јајца
1-2 лажици презли
малку магдонос
2 гранчиња мајчина душица
Приготвување:
Лебот се сече на коцки и се пржи во тава. Загрејте го млекото, па кога лебот ќе се олади, прелијте го. Сланината и кромидот ситно исечкајте ги. Пропржете го кромидот во путер, а потоа и сланината и додадете ги во лебот. Потоа додадете ги сечканиот магдонос и јајцата, како и презлите. Додадете сол и црн пипер.
Добро соединете и оставете да отстои 15 минути. Формирајте топчиња и ставајте ги во солена зовриена вода. Се варат 10-15 минути.
Фото: Фејсбук