Овoj деликатес не се најде без причина на насловната страница на списанието „Living“ на Марта Стјуарт!
Сè што треба да подготвите се портокали, добар нож, плех за печење и решетка. Останатата работа ќе ја заврши рерната, а сè што треба да направите е да го гледате чудото штосе создава.
Изладените цитрусни чипсови цитруси, неодоливо крцкави и миризливи, може да се чуваат во пластични садови со капаци и на собна температура до еден месец.
До крцкав чипс во четири чекори!
Загрејте ја рерната на 175 степени и ставете го плехот за печење на решетката. Исечете два поголеми портокали на прстени со дебелина од 3-4 мм. Бидете внимателни и трпеливи, така што сите прстени да имаат убава форма и еднаква дебелина. Ставете ги парчињата на плехот во еден слој и сушете ги до четири часа, додека не станат крцкави. Оладете ги и чувајте ги во пластични садови!
Марта препорачува да го сервирате овој чипс од портокали со свежо сирење (урда) поросено со цимет.
Фото: Unsplash