Направете сами: домашно, евтино и едноставно оризово млеко (ВИДЕО)

Подолу ви ги донесуваме причините зошто да го направите сами, како и едноставен рецепт за неговата подготовка.

0
145

Оризовото млеко е одлична замена за млечни производите за вегетаријанци, вегани, за луѓе кои се нетолерантни на лактоза и за секој што се труди да живее здрав живот. Покрај тоа што не содржи лактоза, ова растително млеко нема ни холестерол. Еден од проблемите за оние што го консумираат, или би сакале да го консумираат, е неговата цена.

Подолу ви ги донесуваме причините зошто да го направите сами, како и едноставен рецепт за неговата подготовка.

Зошто да правите млеко од ориз?

Поевтино е од комерцијалното оризово млеко – цените за литар во супермаркетите се навистина високи, додека вие со сопствен труд и за истите пари можете од килограм долгозрнест кафеав ориз да направите до 14 литри оризово млеко.
Не содржи додадени шеќери – комерцијалното оризово млеко е збогатено со вештачки шеќери и затоа не е толку здраво како што би сакале да мислиме. Домашното млеко од ориз можете да го засладите со природни засладувачи, според ваша мерка и вкус.
Содржи најмало количество маснотии во споредба со другите млека.
Не е потребно да се вложи многу напор, ниту време за негово „производство“.
Вие сами ги контролирате состојките што ќе влезат во млекото.
Не содржи лактоза.
Ако го збогатите со какао, екстракт од ванила или јагоди, децата ќе го обожаваат!

Оризово млеко – рецепт

Потребни состојки за 4 литри оризово млеко
1 чаша кафеав ориз со долго зрно,
8 шолјички вода.

По желба:

прстофат сол, 1 лажичка екстракт од ванила, 2 лажички мед, јаворов сируп или 3 до 6 излупени урми, 1 лажичка мелен цимет, 2 лажици какао во прав, чаша свежи јагоди.
Можете да комбинирате засладувачи, да користите само некои или да не ги ставате.

Како да направите млеко од ориз – упатства

Ставете кафеав ориз во тенџере и додадете ја водата (на секоја шолја ориз, додавате 8 шолји вода). Додадете некои од посакуваните засладувачи.
Гответе на тивок оган 3 часа. Проверувајте од време на време и додавајте повеќе вода доколку е потребно.
По потребното готвење, ќе добиете мешавина слична на каша. Оставете го да се излади половина час.
Истурете половина од смесата во блендер, а во другата половина додадете вода. Мешајте додека не добиете мазна смеса.
Исцедете ја добиената течност низ цедалка со мали дупчиња или преку газа. Додека го правите ова, проверете дали целото млеко е исцедено од оризот.
Повторете го целиот процес со остатокот од варената смеса.

Оризово млеко – видео рецепт

Она што ќе ви остане во цедалката можете да го користите за појадок. Ставете овошје и некои јаткасти плодови и уживајте!
Рок на траење на млекото е 2 недели.
Може да направите помала количина млеко, само намалете ја количината на ориз и вода.
Можете да ја регулирате густината на вашето млеко по ваш вкус (со додавање на повеќе вода).
За рецептот можете да користите и бел ориз, но се препорачува оној со кафеаво долго зрно.

Фото: Pexels