Направете природни бои за храна

Имаше многу дискусии за боите за храна. Бидејќи многумина не ги сметаат за многу здрава опција, ние ви донесуваме упатство како да направите свои, органски, природни.

0
128

Ако сакате да си играте и да правите храна во боја, на пример, тестенини, колачи или нешто трето, наместо вештачки бои, направете здрава опција, со природни бои што ќе ги направите сами. Нема да бидат толку интензивни како вештачките, ама дефинитивно ќе бидат поздрави.

Розова и црвена

Имате многу опции, но боја без посебен вкус најдобро ќе се добие со цвекло. Користете чист сок од цвекло (можете да го направите сами во соковник или да го купите), но има многу други „црвени“ овошја во оптек, на пример, малини. Но, тие ќе им дадат нови вкусови на јадењата. Сè што треба да направите е да го измешате овошјето во блендер и да го исцедите преку газа и да добиете нова природна боја.

Портокалова

Морковот е најдобрата опција во овој случај. Портокалите, сепак, не даваат доволно боја, иако можеби први ви паднаа на ум. Направете сок од морков (или купете го на пазар) и не грижете се за вкусот. Морковот е природно сладок.

Зелена

Спанаќ! И не грижете се, тој не го менува вкусот на храната, туку само ѝ дава боја. Направете сами сок од спанаќ со свежи лисја.

Сина и виолетова

Овие бои се најтешки за добивање, но не е невозможно. Можете да користите боровинки и капини за да ги добиете овие бои – на ист начин како и со малините. Но, ве советуваме да изберете црвена зелка (или како што некои ја нарекуваат виолетова). Треба да ја исечкате и да ја готвите додека не ослободи темна боја. Со оваа вода добивате виолетова боја за храна.

За да ја добиете сината боја, во истата мешавина, мешајќи полека додавајте сода бикарбона. Содата ќе реагира со сокот од зелка и ќе добиете сина боја за храна. Интересно, нели?

Исто така, треба да имате предвид дека со природни бои нема да добиете исклучително јаки нијанси. Но, можете да си играте со овие комбинации и можеби да ја откриете онаа што ќе ви даде најдобра боја.

Фото: Unsplash