Вишокот на варени јајца лесно и брзо претворете ги во кремава салата со која ќе си го дојадете и препеченото бајато лепче.
Осум јајца ќе бидат доволни за четири поголеми сендвичи, а времето за подготовка е многу кратко.
Споделете ги сендвичите со вашите најблиски и уживајте во продолжениот празничен викенд!
Состојки:
8 јајца
100 г мајонез
1 лажица сенф
50 г исечкан млад кромид
прстофат црвен пипер
сол
црн пипер
Приготвување:
Излупете ги варените јајца и ситно исечкајте ги.
Измешајте ги јајцата со мајонез, сенф и млад кромид.
Зачинете и направете сендвич со две парчиња препечен леб.
Фото: Pixabey