Ако сте љубител на слатко, направете го овој колач со банани навечер и наутро ќе имате што да појадувате заедно со првото утринско кафе.
Вообичаениот рецепт за овој тип на колач – банани, брашно, јајца, путер и шеќер, ние го прилагодивме по наше па наместо шеќер ставивме мед, а додадовме и суви брусници, неколку урми, ѓумбир во прав, сок од 1 портокал и кора од лимон, сечкани оревчиња и чиа семе.
Ова се количините што ги употребивме:
3 јајца
2 презреани банани
100 г путер
300 г брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 ванилин шеќер
2 лажици мед
1 лажица чиа семе
една рака суви брусници
4-5 сечкани урми
сечкани оревчиња
1/2 лажичка ѓумбир во прав
Приготвување:
Ова е уште еден од оние рецепти кои се прават многу лесно и брзо. Згмечете ги бананите, додадете ги јајцата и медот и изматете убаво. Додадете го растопениот путер, а потоа и останатите состојки.
Ставете ја смесата во подмачкан и набрашнет калап за колач и печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.