Направете брз домашен леб без квасец

Ако немате квасец дома, одлично решение за вас е лебот без квасец или бесквасен леб.

0
1387

Лебот подготвен на овој начин е многу подобар за вашето варење. Лебот не треба да се крева или долго да се меси, а резултатот ќе ве изненади.

Состојки:

300 г брашно

2 дцл вода

1 кесичка прашок за пециво

1 лажица масло

1 лажичка сол

Приготвување:

Вклучете ја рерната на 200°С.

Во сад во кој ќе го месите тестото ставете 300 г брашно, 1 кесичка прашок за пециво и 1 лажичка сол и измешајте.

Во средина, раздвојте ги состојките и ставете 2 дцл млака вода и 1 лажица масло.

Почнете да ги мешате состојките од средина, полека зафаќајќи сѐ повеќе брашно. Замесете меко тесто, но не го месете предолго, бидејќи тоа ќе стане тврдо, а лебот ќе биде набиен.

Обликувајте го лебот и засечете го на врвот со влажен нож.

Ставете го во тепсија за печење и печете на 200°C околу 45 минути.

Изладете го лебот и послужете.

Фото: Pexels