Поради нездравата храна и навики, повеќето луѓе го закиселуваат организмот, што може да доведе до замор, главоболки, дигестивни проблеми и намален имунитет, а со тоа и до некои посериозни болести.
Иако нашето тело се обидува да ја одржи рамнотежата на pH со чистење преку бубрезите и белите дробови, кога ќе ги почувствуваме овие симптоми, можеме да си помогнеме со конзумирање на алкална вода. Тоа е многу подобар избор од сода бикарбона, која луѓето често ја користат затоа што премногу брзо ја менува pH и не функционира на подолг рок.
Инаку, кај здрав организам, pH на крвта се движи помеѓу 7,35-7,45, што е лесна алкална средина, но некои делови од телото природно имаат различна pH вредност, па не треба да се претерува ни со откиселување на организмот.
Можете да направите алкална вода многу лесно:
Во литар и пол до два литри вода, исечете еден лимон заедно со кората, што значи дека треба да биде од органско производство. Додадете лажичка хималајска сол и оставете ја да отстои преку ноќ, 8 до 12 часа, а потоа испијте две чаши наутро пред појадок и една навечер пред спиење. Не е потребно да се пие целата вода што сме ја подготвиле во текот на еден ден, за да не претеруваме со вкупниот внес на течности, но добро е да пиете помеѓу половина литар и литар на ден.
Оваа вода може да се пие редовно, секој ден, особено во текот на летните денови, бидејќи е освежувачка, а може да се пие и само повремено, кога чувствуваме зголемен замор, лошо варење и слично. Овој тип на вода му овозможува на телото полека да се алкализира, односно да се врати pH рамнотежата во организмот и да се одржи подолго време и ќе делува превентивно против низа проблеми. Меѓу другото, тоа ќе спречи формирање на камења во бубрезите и развој на низа болести кои се поврзани со здравјето на бубрезите и задржувањето на токсините во организмот.
Бројни студии покажуваат дека овој тип на вода може да придонесе и за спречување на некои видови на рак, бидејќи клетките на ракот се развиваат и растат во кисела средина, а истражувањата покажале дека не можат да преживеат во алкална вода. Покрај тоа, водата ќе придонесе за хидратација на телото, бидејќи телото полесно ја апсорбира алкалната вода.
Фото: Freepik