Напиток од грејпфрут и оцет ги топи масните наслаги и го чисти црниот дроб

Во борба против масното ткиво традиционално се користат грејпфрутот и оцетот. Нарингенинот, антиоксиданс кој се наоѓа во грејпфрутот и цитрусното овошје, го стимулира црниот дроб на разградување на мастите и во исто време ја зголемува чувствителноста на инсулин, објави тим на научници од Ерусалим и САД.

0
460

Во истражувањето објавено во 2010 година во списанието Plos One откриено е дека нарингенинот со стимулирање на црниот дроб да ги разложува масните киселини, всушност создава во организмот услови слични на пост. Имено, овој антиоксиданс се чини дека го имитира дејството на лековите што се користат за намалување на маснотиите и шеќерот во крвта, нудејќи ги предностите на двата лека.

Резултатите од оваа студија укажуваат дека грејпфрутот оправдано ја носи титулата на чистач на црниот дроб благодарение на нарингенинот, носителот на горчлив вкус за кој и претходните истражувања потврдија дека има способност да го намали холестеролот и да ги олесни симптомите на дијабетисот.

Состојки за 1 пијалок:

2 лажици јаболков оцет

1 црвен грејпфрут

1 портокал

1/4 лажичка цимет

Приготвување:

Исцедете ги портокалот и грејпфрутот и додадете им цимет и оцет. Протресете го пијалокот добро во шејкер или во тегла со капак за да ги измешате добро сите состојки.

Фото: Pixabey