Напиток од бамји кој лекува стотици болести

Во ајурведската медицина бамјата се користи за лекување на разни заболувања, како дигестивни проблеми и цревни проблеми, за намалување на холестеролот, за подобрување на цревната флора и за поттикнување на правилната работа на црниот дроб. Пробајте го овој едноставен здрав напиток од бамји

0
709

Во Ајурведата, бамјата се смета за позитивна, среќна храна, така што е еден од најдобрите видови зеленчук што може да се консумира и од кој секој може да има корист.

Бамјата го ублажува запекот бидејќи содржи растворливи желатинозни влакна наречени „муцилажа“. Муцилажата се наоѓа само во растенијата. Тоа се растворливи влакно и затоа делуваат на омекнување на отпадните материи од организмот и негово полесно исфрлање. Исто така, ги подмачкува ѕидовите на стомакот при што се олеснува столицата.
Бамјата го контролира чувството на глад и поттикнува слабеење: нејзините растворливи влакна помагаат подолго да се чувствувате сити. Ова значи помалку желба за храна и полесно слабеење. Богата е со хранливи состојки и витамини: витамини А, Ц, К, калциум, па дури и антиоксиданти. Не само што му помага на здравјето на коските, туку и ве прави да изгледате помлади! Витаминот Ц ви дава имунолошка заштита која е особено корисна во периодот кога се менуваат годишните времиња како сега.
Ја стабилизира гликозата кај дијабетичарите: докажано е дека ги стабилизира нивото на глукоза во крвта преку ноќта, ја впиваат водата и наутро ја исфрлаат од телото. Дефинитивно не е лек за дијабетес, но може да се користи за одржување на здравјето.
Бамјата е добра и во борбата против замор.

И сето тоа можеби веќе го знаевте, но веројатно досега не сте ја пробале оваа ајурведска лековита напивка од бамја.

Во ајурведската медицина бамјата се користи за лекување на разни заболувања, како дигестивни проблеми и цревни проблеми, за намалување на холестеролот, за подобрување на цревната флора и за поттикнување на правилната работа на црниот дроб.

Таа е богата со јаглехидрати, магнезиум, протеини, влакна, фолна киселина и со витамините Б6, А и Ц и вистинска ризница на нутритивни состојки.

Искористете ја сезоната во која оваа билка ја има во изобилство на нашите зелени пазари.

Состојки:

10 парчиња бамја

1 чаша вода

сол и црн пипер

Приготвување:

Добро измијте ги бамјите и пресечете ги на половина.  Потоа, ставете ги во сад со вода и оставете да отстојат преку ноќ, а по желба и повеќе. Наутро малку притиснете и исцедете го преостанатиот сок од нив во водата. Извадете ги од водата и по желба додадете сол и црн пипер. Пијте ја оваа вода во текот на денот. Плодовите од бамјата не ги фрлајте, додајте ги во салата или во следното јадење.