Напиток наместо појадок или вечера со кој сигурно ќе ослабнете

Ова едноставно смуди содржи само три состојки, чиа семе, лимон и краставица.

0
540

Веќе е познато дека краставицата е одлична за слабеење затоа што содржи многу вода и малку калории. Лимонот го дава толку важниот витамин Ц, добриот вкус, делува како своевиден чистач на организмот и нискокалоричен е, а чиа семето со бројни нутритивни вредности дава чувство на ситост.

Состојки:

краставица

лимон

2 лажици чиа семе

Приготвување:

Излупете ја краставицата и ставете ја во соковник па исцедете го неговиот сок или направете смуди.

Додадете сок од половина лимон во сокот од краставица.

Додадете го чиа семето.

Измешајте сè заедно, оставете некое време чиа семето да набабри и да омекне и вашата напивка е подготвена.

Краставици

Краставиците го забрзуваат метаболизмот. Покрај тоа, краставицата е одличен извор на диетални влакна и вода, што ја прави исклучително ефикасна во отстранувањето на токсините. Иако овој вид зеленчук нема посебна хранлива вредност, тој е одличен диуретик и со тоа се забрзува елиминацијата на штетните материи од организмот. Покрај тоа, краставиците се богати со сулфур и супстанции кои ги стимулираат бубрезите на поделотворно исфрлање на мокрачната киселина. Бидејќи краставиците се нискокалорични и не содржат сол, тие често се една од главните компоненти на многу диети.

Лимон

Лимонот делува како антиоксиданс во организмот и помага во заштитата на клетките од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Лимоните се исто така богати со витамин Ц, а истражувањата покажуваат дека консумирањето овошје и зеленчук богато со витамин Ц го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Високата концентрација на витамин Ц, исто така, помага во апсорпцијата на железо, пренесува Today. Откриено е дека полифенолите и пектините од лимоните помагаат кога станува збор за губење на килограмите, а истовремено го зголемуваат ХДЛ холестеролот („добриот“ холестерол), го намалуваат ЛДЛ холестеролот („лошиот“ холестерол) и ги намалуваат воспаленијата.

Чиа семе

Чиа семето е богато со протеини, растителни влакна и омега-3 масни киселини, па се идеален избор за слабеење, а исто така ќе обезбедат и енергија. Овие семиња се шест пати подобар извор на калциум од кравјото млеко, а во однос на омега 3 – масните киселини ги надминуваат лососот и лененото семе. Покрај тоа, овие семиња се богати со антиоксиданти, кои го штитат организмот од слободни радикали (а со тоа и од тумори).

Тие содржат дури девет есенцијални аминокиселини кои овозможуваат градење на мускулното ткиво, обновување на клетките, производство на ензими и хормони, а исто така содржат витамини А, Д, Е и К, како и витамини Б-комплекс (исклучок е витаминот Б12). Не содржи глутен и може да ги користат оние кои страдаат од целијакија.

Благодарение на тоа што имаат низок гликемиски индекс, со задоволство ги консумираат и спортистите, бидејќи брзо обезбедуваат енергија и ја зголемуваат издржливоста за време на физичките активности. Тие се препорачуваат и во исхраната на дијабетичарите, бидејќи во контакт со течностите во желудникот – семето создава гел што ја обложува слузницата и го забавува разградувањето на јагленохидратите до сирови шеќери.

Фото: Pexels