Наместо со шеќер, заблажете го кафето со цимет

Некои 'кафеџии' не сакаат ниту да слушнат во својата шолја со омилениот напиток да додадат ништо, евентуално, некои го пијат со шеќер, а не знаат што пропуштаат. Пробајте да додадете барем малку цимет и прочитајте зошто е тоа добро

0
195

Многу луѓе не можат да го замислат денот без кафе, а и не мора. Не е лошо за вашето здравје да пиете кафе умерено, напротив, овој пијалок има и добри ефекти! Овие добри ефекти можете дополнително да ги подобрите со додавање малку цимет, па дури и со малку ѓумбир во вашата утринска шолја кафе …

Подобар вкус

Факт е дека циметот малку ќе влијае на вкусот на кафето – но ќе има добар ефект и малку ќе ја неутрализира горчината.

Ова е особено добро за оние кои вообичаено пијат слатко кафе – додавањето цимет е одличен начин да се „префрлат“ на горчливо кафе бидејќи сигурно не сакате да внесувате премногу шеќер.

Повеќе антиоксиданси

Антиоксидансите се важни за здравјето, а циметот ги има во изобилство. Една кафена лажичка цимет содржи иста количина на антиоксиданси како половина чаша боровинки, а ова овошје инаку се смета за една од намирниците најбогати со овие молекули.

Ќе го поттикне мозокот

Кофеинот може да ви помогне да се разбудите, но додавањето цимет ќе ги поттикне когнитивните процеси во мозокот, и воопшто, ќе има добар ефект врз функцијата на мозокот и моторните вештини.

Штити од покачено ниво на шеќер во крвта

Ако сакате да пиете слатко кафе, циметот дефинитивно е поздрав додаток од шеќерот. Не само што не содржи празни калории, туку добро влијае и на целото тело со забавување на промените во нивото на шеќер во крвта после јадење, подобрување на ефикасноста на инсулинот во крвта и спречување и смирување на воспалението во ткивата и зглобовите.

Ги ублажува симптомите на настинка

Топлите пијалоци се генерално добри за смирување на воспалено грло, а циметот исто така ќе помогне во ублажување на болката. Покрај тоа, консумирањето цимет во топли напитоци, како што е кафето, ќе ги отвори синусите и ќе го намали производството на слуз во носот, што инаку се симптоми на настинка.

Добро е за енергија

Во комбинација со кофеин, циметот ќе ви обезбеди повеќе енергија! Овој зачин инаку одржува стабилно ниво на шеќер во крвта, а со тоа го одржува нивото на енергија, односно спречува пад на енергијата.

Добро е за срцето

Истражувањата покажаа дека циметот го намалува ризикот од срцеви заболувања и болести. Имено, тој ги намалува штетните триглицериди за дури 30 проценти, што може да ги затне артериите и да доведе до проблеми со срцето.

Ќе грицкате помалку

Друга причина да додадете малку цимет во кафето е тоа што ќе бидете сити подолго. Бидејќи спречува ненадејни промени во нивото на шеќер во крвта, циметот исто така ќе ви помогне да јадете помалку грицки и слатки.

Штити од болести

Додавањето цимет во кафето секој ден е добро на подолг рок, бидејќи помага во зајакнување на имунитетниот систем, и затоа може да се каже дека ве штити од болести.

Полн е со хранливи материи и витамини

Покрај тоа што содржи антиоксиданси, циметот е зачин кој има многу витамини и хранливи материи.

Една лажица цимет содржи четири грама влакна, 68 проценти од препорачаната дневна доза на манган, 89 проценти од препорачаната дневна доза на калциум, четири проценти од дневната доза на железо, три проценти од препорачаната доза на витамин К.

И секако, одлично се сложува со ѓумбирот кој воедно помага во смирување на стомачните тегоби и дополнително ви ја раздвижува крвта. Па… додадете и малку ѓумбир.