Наместо ригорозни одлуки, направете мали, но значајни промени

Заборавете на сите оние големи и ригорозни одлуки кои ќе ви го ’сменат животот’и воведете ги овие ситни промени кои ќе направат голема разлика.

0
291

Еве некои мали, но значајни промени кои можете да ги направите во вашиот живот.

Заменете ги коцките препржен леб во салатите, со ореви.

Салатите би требало да бидат поздрава варијанта на исхрана, но наспроти тоа, и натаму неретко изобилува со калории и нездрави состојки. Но не мора да е така ако препечените коцки леб ги замените со вкусни ореви богати со незаситени масни киселини, протеини, витамини и минерали.

Заменете го јунешкото со мисиркино месо.

Не мора да се откажете од бургери, но сменете го месото. Мисиркиното месо содржи само половина заситени масти во однос на јунешкото, а доволно евкусно за да биде алтернатива за било кое јадење кое инаку го правитесо јунешко.

Заменете ги грицките со пуканки.

Кога ќе ве фати желба за грицкање, посегнете по добрите стари пуканки. Станува збор за намирница од целовити зрна, богата со влакна која е здрава сé додека во приказната не ги замешате путерот и солта.

Заменете ја павлаката со немрсен грчки јогурт. За разлика од павлаката, користете грчки јогурт кој е извонреден извор на притеини, калциум и витамин Б12, додека павлаката е помалку хранлива и истовремено многу побогата со масти.

Заменете го чоколадото со урми.

Десертите ни служат како извор на задоволство, па нема шанси да се откажеме од нив. Но тоа не значи дека не може да го претвориме во поздрави варијанти. Урмите се извонредна замена за колачи. Освен што ќе ја задоволите потребата за слатко, ќе обезбедите внес на повредни нутриенти.

Фото: Pixabey