Намаз од маслинки

Рецепти за правење намази од зеленчук не би требало да има со оглед на тоа што секогаш можете да експериментирате со состојките. Затоа, кога станува збор за намази, ние ви даваме само одлични идеи

0
449

Ако сакате маслинки, нема шанси да не го засакате и намазот од маслинки. Можете да ги измешате маслинките со различни состојки, а можете да го направите намазот и на наједноставен начин, со само 3-4 состојки.

На пример, 1 шолја црни маслинки без семки, маслиново масло, сок од лимон и свеж копар. Измешајте се во блендер и мачкајте.

Испробана ни е и варијантата со 200 г потпечено сончогледово семе, 200 г маслинки, 2-3 чешниња лук, сок од пола лимон, оригано, магдонос и црн пипер.

Направете намаз по свој рецепт со состојки и зачини кои ви се вам омилени. Маслинките одат добро со сè.