Може да имате вкусен десерт дури и ако постите на вода

Овој колач изгледа толку добро што е тешко да се поверува дека во него нема ниту јајца, ниту млеко, ниту масло или путер. Ама нема!

0
372

Состојки:

1 полна лажица млеко од кокос

1 шолја вода + 1 шолја кисела вода

1 лажица мед

3 лажици мелени лешници (или ако случајно сте правеле некое домашно млеко од бадем или лешник, ставете 3 лажици од тоа што ќе ви остане откако ќе го процедите)

3-4 шолји брашно

1 прашок за пециво

темно чоколадо

пудинг од јагода

Приготвување:

Направете смеса од сите состојки освен пудингот и чоколадото. Ставете ја смесата во тркалезен калап врз хартија за печење, а одозгора ставете чоколадо искршено на парчиња. Бидејќи има само 1 лажица мед, можете да ставите повеќе чоколадо.

Во меѓувреме сварете го пудингот со вода.

Кога ќе се испече смесата оставете да се олади па прелијте го со пудингот.