Модерните кесички за чај го контаминираат вашиот напиток со милијарда честички микропластика

Некои премиум кесички чај можат да остават милијарди микроскопски пластични честички во вашата шолјичка, покажуваат новите истражувања.

0
249

Кога станува збор за добрите потрошувачки навики, бројни истражувања доведуваат до тоа да бидеме загрижени речиси околу сѐ, од пиење кафе до користење телефон. Но сѐ до неодамна топла шолја чај изгледаше како да е сосема во ред. Сепак, ново истражување покажува дека некои  премиум кесички чај можат да остават милијарди микроскопски пластични честички во вашата шолјичка.

Откако нарачала чај во кафуле, професорката по хемиско инженерство на Универзитетот во Мек Џил во Монтреал, Натали Туфенќи, дошла на идеја да истражи колкава количина пластика содржи овој напиток. Нејзиниот чај бил спакуван во нов вид кесичка од свилен материјал. Всушност, станува збор за кесичка направена од ПЕТ пластика и најлон и претставува пример на „фенси“ чајни кесички кои се сѐ попопуларни.

Според истражувањето објавено во списанието Environmental Science & Technology, една ваква кесичка може да испушти до 11,6 милијарди микропластични честици и 3,1 милијарда нанопластични честици. Овие честици се толку мали што не се видливи со голо око и иако ги има милијарди во вашата шолја, тие се само една шестина милиграм од вкупниот пластичен отпад.

Имено, Светската здравствена организација (СЗО) тврди дека таквите честици во питка вода не претставуваат ризик.

Но од СЗО рекле дека наидуваат на „ограничени информации“ па побарале поголеми истражувања по тоа прашање.

Исто така, истражувачите од универзитетот Мек Џил во Монтреал повикале на поголема истрага за влијанијата на микропластиката врз здравјето.

Фото: Pixabey