Велат дека црното чоколадо е поздраво и подобро … но изгледа дека постои начин да се зголеми хранливата вредност на млечното чоколадо без да се жртвува вкусот, се вели во студијата претставена на конференцијата American Chemical Society 2020.
Новиот повисок антиоксидантен облик на млечното чоколадо може да се произведе со рециклирање на остатоците од храна што инаку би отишле во отпад, како кафето, отфрлените листови чај и лушпите од кикирики.
Овие земјоделски отпадни производи се „златни минерали“ на антиоксиданти, кои можат да го намалат воспалението и да штитат од одредени хронични заболувања, велат истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина.
„Идејата за овој проект започнала со испитување на различни видови земјоделски отпад на биоактивност, особено лушпите од кикирики“, изјавила Лиза Оерл Дин, професорка по наука за храна во Северна Каролина и главна на ова истражување.
Лушпите од кикирики, кои обично се фрлаат откако кикириките ќе се испечат за да се направи путер од кикиритки и други производи, содржат 15 проценти феноли (растителни супстанции богати со антиоксиданти) по маса, открил нејзиниот тим.
„Фенолите се многу горчливи, па моравме да најдеме начин да го ублажиме тоа“, рекла Дин.
Доказите укажуваат на тоа дека чоколадото може да биде корисно за здравјето, како што е подобрување на крвниот притисок. Но, тие предности се најизразени кај темното чоколадо, со висок процент на полифеноли, растителни микронутриенти и понизок процент на шеќер и маснотии.
Сепак, видот на чоколадо кој го развил овој тим може да биде и поекономично од темното чоколадо, обезбедувајќи иста количина на микронутриенти по пониска цена, пренесува Инсајдер.
Мелејќи ги лушпите во прав и додавајќи ги во млечното чоколадо, истражувачите успеале не само да го направат чоколадото похранливо, туку и да го прикријат горчливиот вкус на антиоксидансите.
Фото: Pixabey