Млечни производи што можете да ги замрзнете за да заштедите време и пари

Колку пати ви се случило да ви снема јогурт, млеко или павлака токму тогаш кога ви треба, додека другпат, не сте стасале ниту да ги употребите пред истекот на рокот. Има решение

0
319

Живееме во време кога храната ни е достапна во изобилство во текот на целата година на секој чекор, па веројатно понекогаш се прашувате дали навистина ви треба замрзнувач. Дали замрзнувањето на храната е опција само за постарата генерација, или сепак има смисла.

Зошто е пожелно замрзнувањето на храна

Заштедете време – замрзнувањето на храната што веќе е подготвена ви дава можност да имате приготвен оброк во моменти кога немате време да ја подготвите од самиот почеток.
Заштедете пари – замрзнувањето храна е опција за поголема количина храна што ја купувате, веројатно по пониска цена од обичната, и немате намера да ја користите веднаш.
Ја одржува свежината на храната – наместо да го фрлате преостанатиот ручек што никој не сака да го јаде следниот ден или уште помалку, ден потоа, опцијата за замрзнување ви дава можност да го извадите за две или три недели и да го ставите на масата.

Практично – замрзнувањето на храната е совршен начин да имате на располагање поширок спектар на храна што можете да го користите за да подготвувате оброци, без да трчате во продавница во последен момент затоа што сте ги потрошиле состојките.
Здрава е – замрзнатата храна може безбедно да остане на мраз до 6 месеци. Притоа, на дофат на рака секогаш ќе имате свежа храна.

И да, можете да замрзнувате и млечни производи, доколку сте купиле повеќе или пак рокот на траење е при крај, а знаете дека дотогаш нема да ги искористите.

ПУТЕР – одличен за замрзнување затоа што не ја менува својата текстура откако ќе се замрзне. Доколку имате можност да купите поголема количина путер по добра цена, искористете го тоа затоа што можете безбедно да го чувате путерот во вашиот замрзнувач до следната употреба.
МЛЕКО – иако млекото има тенденција на одвојување по замрзнувањето, доволно е да го протресете откако ќе се стопи и е прилично погодно за употреба, особено при подготовка на храна.
ПАВЛАКА – конзистентноста на павлаката се менува во помала мера кога е на мраз, но е сосема добра за употреба при подготовка на храна. Погодна е и за подготовка на торти и колачи.
КРЕМ СИРЕЊЕ – како и павлаката, и крем сирењето малку го менува својот изглед кога е замрзнат. Ако планирате да го мачкате на печива, нема да изгледа особено убаво, но неговиот вкус ќе биде непроменет. Од друга страна, ќе биде совршено за печење и готвење.
ЈОГУРТ – ако имате поголема количина јогурт при рака и сте загрижени за датумот на истекување, слободно ставете го во замрзнувач. Ќе биде совршен за употреба откако ќе го одмрзнете, со задолжително протресување.

Фото: Pixabay