Веќе подолго време, луѓето се обидуваат да дојдат до одржлива, еколошка алтернатива на кожа, без суровост кон животните. Ова иновативно решение осмислено од двајца претприемачи од Мексико, Адријан Лопез Веларде и Марти Казарез нуди начин да се создаде кожа со употреба на кактус, не само што е еколошки прифатливо, туку и изгледа како вистинска кожа.
Изработена е целосно од кактус, а може да се користи за да се направи сè, од чевли до паричници.
Кактусот е многу еластичен и може да издржи на ниски температури во текот на зимата. Според нивната веб-страница, тие избираат и пресекуваат само зрели лисја на растението без да му наштетат на самиот кактус, и прават нова жетва на секои 6 до 8 месеци.
Веганската кожа се прави од кактус кој е познат по својата груба и дебела кожа, што ја прави совршена текстура за симулација на животинската кожа.
Во производството, созреаните листови се сечат од растението, се чистат и се толчат, а потоа се оставаат на сонце за да се сушат три дена пред процесирањето. Потоа може да се бојат со природна боја со помош на одредени методи. Резултатот е веганска кожа која е органска и може да се користи речиси една деценија.
Досега компанијата на двајцата Мексиканци работела на седишта за автомобили, чанти, па дури и облека. Кожата од кактус не содржи пластика и нема негативно влијание врз околината. Кожата била претставена на саем за произведувачи на кожа во 2019 година, а коментарите биле позитивни.