Самото име кажува се – мајчина душица, лек за многу тегоби, но и вистинско задоволство.
Она што ја прави лековита се есенцијалните масла.
Олеснува грчеви во разни облици, има способност да ги исчисти дишните патишта, делува како благ аналгетик и ги смирува нервите.
Одличен извор е на витамини Ц, А, како и на железо, рибофлавин, бакар, манган, калциум, цинк, фосфор.
Мајчината душица ќе ги ублажи проблемите со кашлица, ќе го зајакне имунитетот, ќе ја подобри циркулацијата и крвната слика, ќе го подобри здравјето на срцето, ќе помогне во лекување на афти во устата, ќе ги смири нервите, ќе помогне при габични инфекции, а добра е и за борба против акни и мозолчиња.
Кога правите чај од мајчина душица, важно е да се покрие чајот, бидејќи мајчината душица има состојки кои лесно испаруваат.
Фото: Pexels