Сите знаеме дека правилната исхрана е еден од најважните фактори и предуслов за нормално функционирање на човечкиот организам и дека секое неконтролирано, прекумерно или недоволно внесување на храна и внесување на производи што поради нутриционистичкиот состав не ги задоволуваат потребите на индивидуата, значително го загрозуваат неговото здравје.
Веќе знаеме, но не е на одмет да споменеме дека и во Ајурведата (една од најпопуларните форми на алтернативна медицина во светот, позната и како ‘наука за животот’), храната игра една од најважните улоги за зачувување на доброто здравје и затоа истата се смета за лек. И не залудно сѐ повеќе луѓе денес си го бараат иљачот во мајката природа, наместо во лековите кои се најчесто меч со две острици, па додека едно лечат, друго расипуваат. Сега многу почесто од некого ќе слушнеме дека за својот покачен холестерол или крвен притисок, за проблемите со желудникот или за подобра циркулација, не пие лекови, туку пие чај од ова или од она, дека зема некој природен препарат и внимава да внесува намирници кои влијаат на решавање или барем на олеснување на неговиот здравствен проблем. И токму поради тоа расте интересот, но и потребата на луѓето на едно место да најдат многу старо-нови лекови на растителна база, како и здрави прехранбени неиндустриски производи, без адитиви и конзерванси, произведени од мали локални производители.
Токму такво место е и оваа нова оаза за здрава храна и лековити билки која под името ‘Мајка природа’ се отвара во четврток (11.март), во 19 часот, во ТЦ „Алуминка“ во Скопје. Тука, како што најавуваат сопствениците, ќе има многу интересни и здрави производи и препарати, македонски чаеви и билни продукти, но и индиски билки спакувани во ајурведски иљачи и препарати, здрави крафт намази од јаткасто овошје, органски сок од калинка од градот на калинките, и многу други нешта за подобро здравје и задоволно непце.
Во сето она што се однесува на природниот начин на исхрана и алтернативно лекување, а од позиција на традиционалната индиска медицина (Ајурведа), на отварањето во четврток ќе не воведе ексклузивниот гостин, доктор Авишек Мишра, реномиран ајурведски лекар од Индија.
Впрочем, токму тука, во ‘Мајка природа’, ќе можете да најдете голем дел од безбројните ајурведски лекови, козметика и додатоци во исхраната, произведени според принципите на оваа индиска наука за животот стара неколку илјадници години. Освен со нив, доктор Авишек Мишра ќе не запознае и со основните принципи на исхраната според Ајурведата, со неколку златни ајурведски правила, но и со ајурведската дијагностика со која болестите може да се дијагностицираат во многу рана фаза и да се олеснат здравствените проблеми. Имено, докторот со помош на пулсна дијагностика, за 3 минути може да дојде до причините за пореметувањето на нашата енергија и организам.
Во „Мајка природа“, ќе има и многу наши, традиционални, или како што уште ги нарекуваме, бабини лекови направени од најздравите билки од Македонија. На пример, природни препарати за стомачни тегоби и хеликобактер, сладок пелин за зајакнување на имунитетот, а наместо седативи кои создаваат зависност и со време престануваат да делуваат – природни средства за релаксација, и уште многу други природни решенија за вашите здравствени проблеми, но и за утринските дилеми од типот, што да појадувам денес! Имено, од ‘Мајка природа’ најавуваат и многу вкусни и здрави комбинации кои ќе можете да си ги земете како појадок за дома или за на работа, различни варијанти на смуди од овошје и зеленчук, чиа пудинзи, и уште многу други вкусни и корисни нешта.